Београдско драмско позориште (БДП) ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар на 4 и 5 октомври со две изведби на претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.
„One flew east, one flew west, one flew over cuckoo’s nest“ е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на БДП. Тој го игра главниот лик Редни Мекмарфи, а во останатите улоги се Слободан Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач и Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.
Сценографијата е дело на Зоран Ристиќ, костимографка е Јелисавета Татиќ-Чутурило, а композитор е Александар Симиќ.
Драмата е напишана во 1962, a првата изведба била следната година на Бродвеј, со Кирк Даглас во главната улога. Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005.