ЦЕЛА КУБА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПО УДАРОТ НА УРАГАНОТ ИЈАН, КОЈ СЕГА СЕ ДВИЖИ КОН ФЛОРИДА

    ЦЕЛА КУБА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПО УДАРОТ НА УРАГАНОТ ИЈАН, КОЈ СЕГА СЕ ДВИЖИ КОН ФЛОРИДАУраганот Ијан ја погоди Куба со ветрови до 195 километри на час (Фото: АП)

    Цела Куба остана без струја откако ураганот Ијан удри во западниот брег на островот. Владата кажа дека електричниот систем доживеал целосен колапс зашто главната електрана не можела да се врати во погон.

    Најмалку две лица загинаа, а оштетени згради има низ целата земја.

    Ураганот од трета категорија, кој носи ветрови до 195 километри на час, сега се движи кон Флорида, каде што треба да удри подоцна денеска. Се очекуваат високи бранови, поплави и силни ветрови.

    Шефот на кубанската енергетика изјави дека целосното помрачување на островот се случило како резултат на распадот на националниот електричен систем, што оставило 11 милиони луѓе во темница.

    Електричната мрежа низ земјата е падната 100%, зашто термоелектрената ‘Антонио Гвитерас‘ не можела да се синхронизира“, објави државната телевизија.

    Сместена 100 километри источно од Хавана, ова е најважната електрана на Куба и нејзиното неработење значи дека никаде на островот не може да се произведува струја.

    Ијан собираше сила во Мексиканскиот Залив откако ја помина Куба и би можел да ја погоди Флорида како ураган од четврта категорија. Околу 2,5 милиони жители на западниот брег на Флорида добиле наредба да се евакуираат, бидејќи се соочуваат со најсилниот ураган од 1921 година.

    Ако Тампа биде погодена директно, областа ќе биде непрепознатлива во следните неколку дена. Постои можност за тоа“, изјави Ерик Сална од Националниот центар за урагани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира