ТЕТОВСКИОТ ГРАВ ПОЛЕКА ИСЧЕЗНУВА ОД ПОЛОШКИОТ РЕГИОН, СПАСОТ СЕ БАРА ВО НЕГОВО БРЕНДИРАЊЕ

    ТЕТОВСКИОТ ГРАВ ПОЛЕКА ИСЧЕЗНУВА ОД ПОЛОШКИОТ РЕГИОН, СПАСОТ СЕ БАРА ВО НЕГОВО БРЕНДИРАЊЕНедостатокот на тетовскиот грав вешто го користат неодговорни трговци и препродавачи кои гравот набавен од увоз, на пазарот го продаваат под името „тетовски грав“. (Фото: СДК.МК)

    Некогаш најпрепознатливиот знак на Тетово, денес е пред исчезнување. Надалеку познатото „тетовско гравче“ сé помалку го има на тетовските ниви. Родот на гравот од година во година се намалува како поради климатските промени, недостатокот на работна сила, високи цени на заштитните препарати. Ако порано тетовскиот грав беше една од водечките земјоделски култури во Полошкиот Регион, денес сé повеќе земјоделци се откажуваат од садење грав.

    „Пред десет до десет години сум сеел и до 15 декари под грав, сега сé е намалено. Многу поскапеа заштитните препарати, земјоделските алатки и машинска опрема, посебно многу поскапе горивото, а и временските услови многу се променија. Поради сето ова полето нѝ остана пусто, па луѓето се почесто се откажуваат да сеат грав“, вели земјоделецот Среќко Антески, кој е еден од ретките кои сé уште се занимава со производство на тетовскиот грав.

    Недостатокот на тетовскиот грав вешто го користат неодговорни трговци и препродавачи кои гравот набавен од увоз, на пазарот го продаваат под името „тетовски грав“. Идејата тетовскиот грав да стане брендиран производ за да не може да се прават манипулации со неговото име и потекло е идеја стара повеќе години. Таа сега повторно е обновена од страна на невладината организација ЦЕД од Теарце која по 11. пат ја организира манифестацијата „Денови на гравот“ токму со цел да се зачува и заштити овој препознатлив производ од тетовскиот крај.

    дејата тетовскиот грав да стане брендиран производ е идеја стара повеќе години, а сега повторно е обновена од страна на невладината организација ЦЕД од Теарце која по 11. пат ја организира манифестацијата „Денови на гравот“. (Фото: СДК.МК)

    „Тетовскиот грав единствено може да се заштити со негово брендирање. Тоа е единствената можност за заштита да не се злоупотребува името на тетовскиот грав и да не се измамуваат купувачите. Ние како организација имаме искуство да бидеме носители на овој процес за да не ни се случи некој друг, од странство, да го брендира нашиот производ како тоа што се случи со ајварот и други наши производи. Значи мора да се брендира тетовскиот грав, со сите негови спецификации што ги има и во иднина тоа да биде заштитен знак на Полошкиот Регион. Секако и државата мора да се залага и да помогне во неговото брендирање, но исто така мора и земјоделците да се поттикнат, преку субвенции, повеќе да садат од овој земјоделски производ“, бели Метин Муареми од Центарот за едукација и развој од Теарце.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира