КЕВИН СПЕЈСИ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ 14-ГОДИШНИК ВО 1986

    КЕВИН СПЕЈСИ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ 14-ГОДИШНИК ВО 1986Спејси се соочува со уште пет обвиненија за сексуален напад во Велика Британија (Фото: АП)

    Њујоршкиот суд го отфрли обвинението за сексуален напад против актерот Кевин Спејси. Тужбата беше поднесена од актерот Ентони Рап, кој тврдеше дека Спејси недолично го допирал на забава во 1986 кога имал само 14 години.

    Сега 50-годишниот Рап ја покрена тужбата во септември 2020, при што бараше отштета од 40 милиони долари. Спејси цело време ги негираше обвиненијата.

    Тој се соочува со уште пет обвиненија за сексуален напад во Велика Британија и ова судење треба да почне во јули следната година.

    По тринеделното судење во федералниот суд во Менхетн, поротата кажа дека Рап не успеал да докаже дека Спејси недолично се однесувал.

    Рап, кој првпат излезе со своите обвинувања во 2017, изјави дека Спејси имал 26 или 27 години кога се сретнале на забава во еден стан во Менхетн. Тој тврдеше дека Спејси го положил на кревет, по што делумно легнал врз него.

    Спејси, кој има освоено два оскара, беше еден од најпочитуваните актери во Холивид пред да почнат да се нижат обвинувања за недолично сексуално однесување, поради кои прво ја изгуби улогата во серијата „Куќа од карти“. Оттогаш излезе само еден негов филм, а неколку проекти беа блокирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира