ПОРАНЕШНИОТ КИНЕСКИ ЛИДЕР ХУ ЏИНТАО НЕНАДЕЈНО ИЗНЕСЕН ОД САЛАТА НА КОНГРЕСОТ НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА

    ПОРАНЕШНИОТ КИНЕСКИ ЛИДЕР ХУ ЏИНТАО НЕНАДЕЈНО ИЗНЕСЕН ОД САЛАТА НА КОНГРЕСОТ НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈАХу му кажа нешто на Шји Џинпинг, кој кимна со главата, а потоа беше изнесен надвор од салата. (Фото: Принтскрин од видео)

    Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изнесен од церемонијата за затворање на Конгресот на Комунистичката партија во Пекинг. 79-годишниот Ху со изнемоштен изглед седеше покрај претседателот Шји Џинпинг кога официјални лица му пријдоа и го изнесоа надвор. Не беше дадено објаснување.

    Ху Џинтао, кој беше претседател помеѓу 2003 и 2013, беше на сцената кога му пријдоа двајца функционери. Тој му кажа нешто на Шји Џинпинг, кој кимна со главата. Потоа Ху беше изнесен надвор од Големата народна сала.

    По својот еднонеделен конгрес, партијата се очекува да го потврди Шји (69) за историски трет мандат како лидер. Конгресот, кој се одржува во Пекинг на секои пет години, ја зацврсти неговата позиција како најмоќен кинески лидер од Мао Це Тунг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира