ЗЕМЕНИ СЕ ПРЕДМЕТИ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ ВО СКОПСКИТЕ ШКОЛИ, ВЕЛИ МВР

    ЗЕМЕНИ СЕ ПРЕДМЕТИ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ ВО СКОПСКИТЕ ШКОЛИ, ВЕЛИ МВРДенеска има видливо полициско присуство околу средните училишта во Скопје каде што четири пати досега имаше лажни пријави за поставени бомби. (Фото: СДК.МК)

    Осомничениот Н.Н., кој вчера беше приведен од полицијата поради сомнеж за праќање на заканите со бомби во средните школи во Скопје, е пуштен. По направен информативен разговор и направен претрес во неговиот дом тој е пуштен, до целосно расчистување на случајот.

    „Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од МВР.

    Вчера по четврти пат во осум средни школи во Скопје беа испратени мејлови со лажни закани за поставена бомба.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира