ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА ОД „ШВЕРЦЕРИТЕ“ КОИ ВЛЕГОА НА ТЕРЕНОТ И ГИ ТЕПАА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ШКЕНДИЈА

    ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА ОД „ШВЕРЦЕРИТЕ“ КОИ ВЛЕГОА НА ТЕРЕНОТ И ГИ ТЕПАА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ШКЕНДИЈАДодека играчите на Шкендија се радуваа на голот на терен почнаа да влегуваат дел од навивачите на групата  „Шверцери“, ги нападнаа и ги тепаа играчите на гостинскиот тим. (Фото: СДК.МК)

    Тројца навивачи на навивачката група „Шверцери“ се приведени во полициска станица, велат од Министерството за внатрешни работи откако на фудбалскиот натпреварот Шкупи-Шкендија се случи тепачка.

    Инцидентот се случи во деветтата минута кога екипата на Шкендија постигна гол и поведе со 1:0 против домаќинот Шкупи. Додека играчите на Шкендија се радуваа на голот на терен почнаа да влегуваат дел од навивачите на гупата  „Шверцери“, ги напaднаа и ги тепаа играчите на гостинскиот тим.

    Настана општ хаос на теренот во Чаир, домашните играчи сe обидуваа да ги одбранат играчите на противникот. Веднаш интервенираше полицијата и специјалците кои го обезбедуваа натпреварот. Натпреварот беше прекинат и не се доигра.

    Натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија беше четвртфинале на Купот на Македонија. Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот со службен резултат 3:0 за Шкендија и го суспендираше стадионот на Шкупи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира