ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СТАБИЛНИ ОТКАКО Г7 ЈА ОГРАНИЧИ ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СТАБИЛНИ ОТКАКО Г7 ЈА ОГРАНИЧИ ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНАГ7 и Австралија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта што се превезува со танкери на 60 долари за барел (Фото: Гети)

    Цените на нафтата денеска беа стабилни откако на сила стапи ограничувањето на цената на руската нафта воведено од членките на Г7, додекз западот се обидува да ја намали способноста на Москва да ја финансира својата војна во Украина. Русија кажа дека нема да ја почитува оваа мерка, дури и ако мора да го намали производството.

    Во петокот, Г7 и Австралија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта што се превезува со танкери на 60 долари за барел, откако членките на Европската Унија го надминаа отпорот од Полска. Русија е вториот најголем извозник на нафта на светот.

    Производителите на нафта од групата Опек+ претходно одлучија да останат доследни на својата политика за намалување на производството поради побавниот глобален раст и повисоките каматни стапки. Опек+ обединува 23 извозници на нафта, вклучувајќи ја и Русија и тие редовно се состануваат за да решат колку сурова нафта да се продаде на светскиот пазар.

    Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека ограничувањето на цената претставува грубо мешање што е во спротивност со правилата на слободната трговија.

    Работиме на механизми за забрана на ограничувањето бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот. Ќе ги продаваме нафтата и нафтените деривати само на оние земји кои ќе работат со нас под пазарни услови, дури и ако мора малку да го намалиме производството“, кажа Новак.

    Денеска исто така треба да стапи на сила ембаргото за увоз на руската нафта во ЕУ, што нема да се однесува на Унгарија, Чешка и Словачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира