Публицистот Александар Трајковски и новинарката Лаура Папранику-Бејтула се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2022, соопшти Министерството за култура.
Трајковски и Папранику-Бејтула се наградени за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Наградата ќе им биде врачена на 21 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието.