РУСКИ МИЛИОНЕР ПОЧИНА ОТКАКО ПАДНА ОД ПРОЗОРЕЦ ВО ХОТЕЛ ВО ИНДИЈА, ДВА ДЕНА ПО СМРТТА НА НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ

    РУСКИ МИЛИОНЕР ПОЧИНА ОТКАКО ПАДНА ОД ПРОЗОРЕЦ ВО ХОТЕЛ ВО ИНДИЈА, ДВА ДЕНА ПО СМРТТА НА НЕГОВ ПРИЈАТЕЛПавел Антов починал набргу по прославата на неговиот роденден

    Рускиот милионер Павел Антов, кој се збогати од бизнисот со колбаси, е пронајден мртов во хотел во Индија, два дена откако негов пријател починал на истото патување. Тие биле во посета на источната држава Одиша, а Антов починал набргу по прославата на неговиот роденден.

    Антов, кој беше и локален политичар, бил добро позната личност во Владимир, град источно од Москва. Тој летоска негираше дека ја критикувал војната во Украина.

    Руските медиуми објавија дека 65-годишниот Антов паднал од прозорец во хотел во градот Рајагада, каде што во петокот починал и Владимир Буданов, кој бил дел од неговото друштво.

    „Буданов беше пронајден мртов откако претрпел мозочен удар и неговиот пријател потоа станал депресивен, па и тој починал. Полицијата не пронајде криминални елементи во овие трагични настани“, изјави командирот на полицијата на Одиша.

    Антов поседувал фабрика за производство на колбаси и „Форбс“ во 2019 го процени неговото богатство на 140 милиони долари. Тој имал важна улога во градското собрание на Владимир, а во јуни објави порака на Вотсап во која руското ракетирање на Киев го опиша како терор. Потоа ја избриша пораката и кажа дека ги поддржува Путин и војната во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира