РОМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО УАПСИ КОНТРОВЕРЗНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЕНДРЈУ ТЕЈТ ВО ИСТРАГА ЗА СИЛУВАЊЕ И ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    РОМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО УАПСИ КОНТРОВЕРЗНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЕНДРЈУ ТЕЈТ ВО ИСТРАГА ЗА СИЛУВАЊЕ И ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕТејт беше уапсен заедно со брат му Тристан во неговата куќа во главниот град Букурешт. (Фото: Твитер)

    Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт синоќа е уапсен во Романија во рамките на истрага за силување и трговија со луѓе. Тејт беше уапсен заедно со брат му Тристан во неговата куќа во главниот град Букурешт. Апсењето го потврди нивниот адвокат.

    Поранешниот кикбоксер стана познат во 2016 година кога беше отстранет од британското издание на реалното шоу „Големиот брат“ поради видео во кое се гледа како напаѓа жена. Тој потоа беше суспендиран од Твитер за тврдењата дека жените треба да понесат одговорност ако бидат сексуално нападнати. Но, откако Илон Маск го презеде Твитер, Тејт беше вратен на социјалната мрежа.  

    „Четворица осомничени изгледа дека создале организирана криминална група со цел регрутирање и експлоатирање жени, принудувајќи ги да креираат порнографски содржини наменети за специјализирани веб сајтови со претплата“, соопштија романските обвинители.

    Браќата Тејт се под истрага од април, заедно со уште двајца романски државјани. Тејт, кој има британско и американско државјанство, се пресели во Романија пред пет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира