На 1 јануари, во Варшава беше 19 степени, цели 5 степени над 30-годишниот рекорд за првиот месец од годината. Во главниот град на Полска вчера беше попопло од многу градови на југот на Европа, како Атина, каде што беше 17 степени.
Но, Полска не е единствената европска земја каде што годината почна со рекордно високи температури. Речиси целиот континент ја пречека новата година со сончево и невообичаено топло време.
Во Литванија, Холандија, Данска и Белорусија беа срушени рекордите за јануари уште на првиот ден од месецот. Летонија, исто така, беше многу блиску до рекордот.
На некои места во Швајцарија беше 19 степени, што е просек за јули.
Во Германија, метеоролошка станица во саботата забележа минимална температура за 24 часа од 15,3 степени, додека други станици низ земјата го забележаа најтоплиот ден во историјата за декември.
Во Франција, времето беше како почеток на лето, место среде зима, достигнувајќи 25 степени. Во Шпанија, осум региони имаа температура над 23 степени.