ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“ ВЕЛИ ДЕКА САКА ДА ГО ОСВОИ БАХМУТ ПОРАДИ НЕГОВИТЕ „ПОДЗЕМНИ ГРАДОВИ“

    ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“ ВЕЛИ ДЕКА САКА ДА ГО ОСВОИ БАХМУТ ПОРАДИ НЕГОВИТЕ „ПОДЗЕМНИ ГРАДОВИ“Од летоска, групата на Евгени Пригожин регрутирала десетици илјади руски затвореници (Фото: АП)

    Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, сака да ја преземе контролата врз рудниците за сол и гипс близу источниот украински град Бахмут, велат од Белата куќа. Платениците на „Вагнер“ имаат клучна улога во офанзивата на Бахмут, каде што веќе со недели се водат најкрвавите борби во Украина, без значајно напредување од двете страни.

    Има назнаки дека постојат парични мотиви зад опсесијата на Русија и Пригожин со Бахмут“, изјави висок американски функционер.

    Ова делумно го потврди и самиот Пригожин, кој вчера кажа дека Бахмут е важен поради неговите „подземни градови“.

    Шлагот на тортата е рударскиот систем Бахмут и Соледар, кој всушност е мрежа на подземни градови долга над 150 километри. Таму не само што може да се смести голема група луѓе на длабочина од 80-100 метри, туку и тенкови и пешадиски возила“, изјави Пригожин.

    Од летоска, „Вагнер“ регрутирал десетици илјади руски затвореници, ветувајќи им помилување ако преживеат шест месеци во Украина. Пред Нова година се појави видео во кое Пригожин е прикажан во еден подрум во Бахмут, исполнет со телата на неговите борци. Пригожин кажа дека на неговите борци некогаш им требаат неколку недели за да заземат само една куќа во Бахмут.

    Минатиот месец, украинските трупи признаа дека Бахмут нема голема стратешка важност и ги доведоа во прашање мотивите на Русија и Пригожин.

    Според Белата куќа, „Вагнер“ има регрутирано речиси 50.000 борци за Украина, а досега загинале 4.100, од кои над 1.000 во борбите за Бахмут во последните два месеца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира