ХИРШЕР ИЗРАМНИ РЕКОРД НА ТОМБА СО ЧЕТВРТАТА ПОБЕДА ВО АЛТА БАДИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"АлтаБадија,(Јуроспорт)

    ХИРШЕР ИЗРАМНИ РЕКОРД НА ТОМБА СО ЧЕТВРТАТА ПОБЕДА ВО АЛТА БАДИЈА

    Австрискиот скијач Марсел Хиршер се израмни со Алберто Томба со рекордната четврта победа во велеслалом во Алта Бадија, Италија. Лидерот во генералниот пласман го освои првото место со предност од 0,71 секунди над второпласираниот Метју Фавре од Франција и со 1,10 секунди над Италијанецот Флоријан Ејсат.

    „Пресреќен сум што победив за прв пат во велеслалом сезонава. Францускиот тим е најдобар во моментов. Сите четворица покажаа колку е силна Франција“, кажа Хиршер.

    Поранешниот италијански скијач Алберто Томба има четири победи на патеката Гран Риза во 1987, 1990, 1991 и во 1994 година. Хиршер победи последниве четири години, а има победа и на слаломот во Алта Бадија во 2011 година. Во обидот да стане првиот скијач со шет последователни титули во генералниот пласман, Хиршер го зголеми водството на табелата 218 поени пред Кјетил Јансруд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира