Словенката Илка Штухец ја забележа третата победа во Светскиот куп во алпско скијање во последните две недели со триумфот во Вал д’Изер, Франција. Тоа беше нејзина прва победа во алпска комбинација и таа освои максимални 100 поени со вкупно ввреме од 2:40,33 минути.
Штухер беше побрза од второпласираната Мишел Гизан за само 0,12 секунди, откако Швајцарската скијачка беше првопласирана се до самиот крај и 16 други скијачки не успеаја да го надминат нејзиниот резултат. За Гизан ова беше прв победнички подиум во кариерата.
Италијанката Софија Гоџа беше третопласирана со вкупно време од 2:40,49 минути, што значи дека сега има четири пласмани на победничкиот подиум сезонава.