ВО ШПАНИЈА ЗАПЛЕНЕТИ 4,5 ТОНИ КОКАИН ВРЕДЕН 114 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ВО ШПАНИЈА ЗАПЛЕНЕТИ 4,5 ТОНИ КОКАИН ВРЕДЕН 114 МИЛИОНИ ДОЛАРИБродот пловел од Колумбија под знамето на Того (Фото: АФП)

    Шпанската полиција објави дека запленила 4,5 тони кокаин на Канарските Острови, кој бил пронајден на брод кој превезувал говеда. Уличната цена на дрогата се проценува на 114 милиони долари.

    Бродот застанал во пристаништата на десетина држави, пред кокаинот да биде откриен оваа недела во Лас Палмас. Полицијата кажа дека шверцерите почнале да користат бродови со стока бидејќи на тој начин потешко се открива дрогата.

    Меѓународните организации осмислуваат нови начини на превоз на дрогата од Јужна Америка во Европа, користејќи стока, која контролата и откривањето ги прави потешки“, соопшти шпанската полиција.

    Таа уапсила 28 члена на посадата на бродот кој пловел под знамето на Того, кој властите на Шпанија, САД и Того во здружена операција го следеле од Колумбија. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира