17-ГОДИШНО ЛИЦЕ МЕЃУ ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ЛАВИНИ НА АЛПИТЕ

    17-ГОДИШНО ЛИЦЕ МЕЃУ ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ЛАВИНИ НА АЛПИТЕСамо во саботата во областа Тирол биле пријавени 30 лавини, а во 11 имало и луѓе. (Фото: Гети)

    Десетмина загинаа во повеќе лавини на Алпите во Австрија и Швајцарија за време на викендов. Меѓу загинатите се туристи од Нов Зеланд, Кина и Германија, и тоа на различни скијачки терени.

    Австриските власти издадоа предупредување за лавина од четврто ниво,  по интензивните снежни врнежи и ветер во регионот. И покрај предупредувањата, скијачките центри во западна Австрија се полнат поради училишниот распуст во Виена.

    Меѓу загинатите се 17-годишно лице од Нов Зеланд, 32-годишно лице од Кина и Германец на 50-тина години.

    Лавините се честа појава во двете земји. Според австриската агенција АПА, само во саботата во областа Тирол биле пријавени 30 лавини, а во 11 имало и луѓе.

    Предупредувањето од четврто ниво значи дека „е голема шансата за лавина“, и ги советува неискусните скијачи да останат на одбележани скијачки патеки, а искусните да се држат настрана од многу стрмен терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира