СИНОТ НА ПОЛСКА ПРАТЕНИЧКА СЕ САМОУБИ ОТКАКО ДРЖАВНО РАДИО ОТКРИ ДЕКА БИЛ ЖРТВА НА ПЕДОФИЛ

    СИНОТ НА ПОЛСКА ПРАТЕНИЧКА СЕ САМОУБИ ОТКАКО ДРЖАВНО РАДИО ОТКРИ ДЕКА БИЛ ЖРТВА НА ПЕДОФИЛМагдалена Филикс минатата недела кажа дека нејзиниот син Миколај се самоубил во февруари (Фото: Рекс)

    Право и правда (ПиС), владејачката партија во Полска, се најде на удар на критики поради смртта на 15-годишниот син на парламентарката Магдалена Филикс, кој изврши самоубиство откако државно радио го идентификуваше како жртва на педофил. Филикс, која е пратеничка од редовите на опозициската партија Граѓанска платформа, минатата недела кажа дека нејзиниот син Миколај се самоубил во февруари.

    Тој си го одзел животот неколку недели откако Радио Шчечин објави детали за жртвите на осуден педофил, што овозможи јавноста лесно да го идентификува Филикс. Радиото ја откри возраста на малолетните жртви и кажа дека една од нив е син на локална пратеничка. Педофилот, кој бил осуден во 2021, бил опишан како поранешен член на Граѓанска платформа и ЛГБТ активист.

    Приказната се прошири низ државните медиуми и предизвика бурни реакции во полската јавност. Поддржувачи на опозицијата притоа ја обвинија ПиС дека ја искористила приказната за сопствена политичка корист, па барем делумно е одговорна за смртта на момчето. ПиС цврсто ги контролира полските медиуми и води кампањи против ЛГБТ заедницата.

    ПиС ќе одговара за сите човечки штети и трагедии што ги предизвикала додека беше на власт“, изјави лидерот на Граѓанска платформа, Доналд Туск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира