КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШЈИ ЏИНПИНГ ГО ДОБИ ИСТОРИСКИОТ ТРЕТ МАНДАТ

    КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШЈИ ЏИНПИНГ ГО ДОБИ ИСТОРИСКИОТ ТРЕТ МАНДАТШји стана најдоминантен кинески лидер од Мао Це Тунг (Фото: Гети)

    Кинескиот парламент го одобри историскиот трет претседателски мандат на Шји Џинпинг, што следува по консолидацијата на власта, што го направи најдоминантен кинески лидер во последните неколку децении.

    Во кинескиот систем на владеење, претседателската улога е главно церемонијална, а големата моќ на 69-годишниот Шји доаѓа од неговите функции генерален секретар на Комунистичката партија и претседател на Централната воена комисија. И двете ги доби на конгресот на партијата во октомври.

    Потврдувањето на третиот претседателски мандат беше очекувано, а во следните денови ќе се изберат нов премиер и разни министри, кои треба да дојдат од лојалните редови на Шји.

    Од смртта на Мао Це Тунг во 1976, лидерите во Кина беа ограничени на два мандата, што беше укинато токму од Шји пред пет години.

    Шји ја зацврсти својата власт откако Кина се отвори по напуштањето на нулта ковид политика, а посебен предизвик за земјата остануваат тензичните односи со САД и падот на наталитетот, што го загрозува економскиот раст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира