ВО БИТОЛА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ДОСТАПНО И ЗА СЛЕПИТЕ ДЕЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:44:"БИТОЛА,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО БИТОЛА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ДОСТАПНО И ЗА СЛЕПИТЕ ДЕЦА

    Битолскиот Завод и музеј ќе им го доближи културното наследство на слабовидните и слепите деца и возрасни лица, изработувајќи тактилни мапи за распоредот на простории и поставки, но и на уметнички слики и други експонати.

    “Во рамки на проектот „Музеј за сите, музеј за понесување“ поддржан од Балканската музејска мрежа „Културно наследство брз граници“ добивме машина  фузер со која ќе правиме тактилни мапи-“, рече Ирена Ружин, програмски директор од битолскиот Завод и Музеј.

    За експонатите кои ќе бидат изработени тактилни слики, ќе има и текст со Брајово писмо за да можат слепите и слабовидните лица да добијат повеќе информации од уметноста, археологијата, историјата и други области.

    Музејот е сместен во старата турска воена гимназија- Идадија. До најголемата музејска поставка, како и до спомен собите се стигнува преку скали. За да бидат надминати ваквите препреки, Музејот обезбеди лифт- кар, односно гасеничар кој без проблем ги искачува лицата со инвалидност по скали.

    Покрај тактилните мапи, во соработка со музејот од Књажевац  подготвен е таканаречен  „Музеј во куфер“. Куферот содржи предмети и експонати поврзани со културното наследство кои слабовидните деца можат да ги допрат и да научат нешто повеќе за нив.

    “Секој има право на култура и учество во културните содржини. Со Музеите во куфер ќе можеме да излезиме од нашите простории кои често се непристапни со оглед на тоа дека се во историски згради, па да се доближиме не само на лицата со инвалидитет туку често и со старите лица, деца на село кои не можат често да ги посетуваат нашите институции“, рече Милена Милошевиќ Мициќ ,виш кустос и историчар на уметност од музејот во Књажевац.

    Куферите денес ги воодушевија децата со посебни потреби кои го посетија музејот. Имаа можност од глина да моделираат предмети слични на експонатите.

    “Ова за нас е нешто ново, ретко доаѓаме на културни места“, рекоа дечињата.

    Во Битола отворен е ресурсен центар за деца со оштетен вид во основното училиште „Трифун Пановски“ каде со нив секојдневно во вид на дополонителна настава работат специјализирани  едукатори.

    “Ова е прилика  во Македонија со опремата и содржините кои се имплементираат на ресурсниот центар децата да ги реализираат своите права за квалитетно образование. Во процес  сме на завршување на адаптација и печатење на сите учебници за основно образование на македонски и албански јазик и тој процес  до март или април в година ќе заврши“, рече Шптим Љатифи, директор на УСАИД и Лајонс клубовите за проекти за деца со оштетен вид.

    Во соработка со офталмолози во тек се скрининзи за рано откривање на очни болести низ сите градинки во земјава. Ќе бидат прегледани 30 000 деца.

    Ж.Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира