ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ Е ПРИОРИТЕТ, НО СЕ РАЗМИСЛУВА И ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЛОГА

    ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ Е ПРИОРИТЕТ, НО СЕ РАЗМИСЛУВА И ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЛОГАМинистерот за правда Кренар Лога на денешниот брифинг со новинарите. (Фото: К. Попов)

    Министерот за правда Кренар Лога вели дека се размислува за замена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“ во Уставот, кога веќе во Собранието ќе се отвора највисокиот правен акт за внесување на Бугарите во Преамбулата.

    Според соопштението на Министерството за правда по денешниот брифинг со новинарите, Лога вели дека Преамбулата е приоритет во делот на вметнување на помалите заедници во државата, но се размислува и за други потребни измени на Уставот.

    „Се размислува не само во делот на преамбулата Уставот да претрпи измени, туку да се реши прашањето со вакуумот кој се случи за потпишувањето на еврообврзницата со оставката на министерот и изборот на нов министер, во делот каде министерот за правда по функција е дел од Судскиот совет, во делот што беше проблематичен во пандемијата кога Собранието не можеше да заседава бидејќи беше распуштено, за промена на формулацијата ‘20 отсто’ со формулацијата ‘албански јазик’. Како и да е, за сите овие прашања треба да имаме консензус, а за нас приоритет останува измена на преамбулата во делот на вклучување на помалите заедници“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

    Со амандманот 5 на Уставот донесен во 2001 година, „на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член“.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира