Папата Фрањо има инфекција на дишните патшта и ќе треба да помине неколку дена в болница за лекување, соопшти Ватикан. Во соопштението се вели дека 86-годишниот понтиф се пожалил на тешкотии со дишењето последниве денови. Се додава дека тестовите покажале оти нема ковид-19.
„Папата Фрањо е трогнат од многуте примени пораки и ја изразува својата благодарност за блискоста и молитвата“, соопшти Ватикан.
Изјавата дојде неколку часа откако папата неочекувано беше пренесен в болница за тестирање. Ватикан првично соопшти дека прегледот бил закажан, но италијанските медиуми се сомневаат во тоа, велејќи дека телевизиското интервју со папата закажано за денеска попладне било откажано во последен момент. Претходно денеска, папата присуствуваше на неговата неделна општа аудиенција во Ватикан и изгледаше дека е во добра здравствена состојба.