ЌЕ ИМА ПРИЕМНИ ИСПИТИ ВО СРЕДНИТЕ ШКОЛИ КАДЕ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ПОВЕЌЕ УЧЕНИЦИ, ВЕЛИ МОН

    ЌЕ ИМА ПРИЕМНИ ИСПИТИ ВО СРЕДНИТЕ ШКОЛИ КАДЕ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ПОВЕЌЕ УЧЕНИЦИ, ВЕЛИ МОНВо учебната 2023/24 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. (Фото: К. Попов)

    Ќе има приемни испити во оние средни училишта каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавуваќи го Конкурсот за упис на ученици за учебната 2023/2024 година.

    Тестирањето ќе биде по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: за гимназиско образование – мајчин јазик и математика, за здравствена струка – биологија и хемија и за другите струки – мајчин јазик и математика.

    Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

    Во учебната 2023/24 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20.608 слободни места, за настава на албански јазик 8.301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/24 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира