Кабини за дишење планински воздух денеска беа поставени на две локации во Скопје во герила акцијата на екипата наречена „Урбани уметнички акции“. Акцијата е направена во знак на поддршка на напорите на граѓаните и еколошките организации за решавање на проблемот со енормното загадување во Скопје.
Кабините беа поставени во Буњаковец и кај пазарчето во Аеродром со цел, како што велат организаторите на акцијата, да им се помогне на граѓаните барем малку да подишат чист воздух. Тие велат дека акцијата ќе продолжи и наредните денови, а по Скопје, акцијата ќе биде спроведена и во Тетово.
М. И. ПАЧЕМСКА