Пајак-службата, која функционира во рамките на ЈП „Паркинзи“ во Битола, во 2022 поради непрописно паркирање подигнала 923 возила кои се однесени во депо, што во просек е по три до четири во работен ден. Најголем дел од нив, 911, биле подигнати поради непрописно паркирање на сообраќајница, а на зелена површина само 12.
Според податоците од јавното претпријатие, пајак-службата во 2022 за неправилно паркирани возила на лице место подигнала 292. За да пајак-службата подигне паркирано возило од коловоз потребно е да има присутно и службено лице од МВР, а од зелена површина комунален инспкетор.
Ж. ЗДРАВКОВСКА