ТВИТЕР ПОЧНА ДА ЈА ОТСТРАНУВА СИНАТА ОЗНАКА ОД ПРОФИЛИТЕ, МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕ ПЛАТИЛЕ СЕ И РОНАЛДО, БИЈОНСЕ И ПАПАТА

    ТВИТЕР ПОЧНА ДА ЈА ОТСТРАНУВА СИНАТА ОЗНАКА ОД ПРОФИЛИТЕ, МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕ ПЛАТИЛЕ СЕ И РОНАЛДО, БИЈОНСЕ И ПАПАТАСината ознака сега се плаќа осум долари месечно или 84 долари годишно (Фото: Гети)

    Твитер од вчера навистина почна да ги отстранува сините ознаки за верификација на профили, а меѓу оние кои не платиле за тоа се и аренби дивата Бијонсе, Кристијано Роналдо, папата Фрањо, Доналд Трамп и Опра Винфри.

    Оние кои сакаат да ја задржат сината ознака покрај своето име мора да платат осум долари месечно или 84 долари годишно за претплатата на Твитер Блу. Илон Маск ја воведе оваа мерка во обид да го зголеми профитот на компанијата што ја купи лани, но и за да го укине „системот на господари и кметови“.

    Твитер досега имаше околу 300.000 профили верифицирани според стариот систем, што вклучуваше многу новинари, спортисти и јавни личности. Маск кажа дека лично им ја плаќа сината ознака на писателот Стивен Кинг, НБА ѕвездата Леброн Џејмс и актерот Вилијам Шатнер.

    Твитер истовремено престана со означувањето на медиумите, поради што некои од нив се повлекоа од оваа социјална мрежа.

    Компанијата првпат ја воведе опцијата за верификација во 2009 година, откако поранешен професионален бејзбол играч ја тужеше поради лажен профил. Сината ознака во меѓувреме стана статусен симбол, но откако ја купи компанијата, Маск побара од корисниците да плаќаат за неа. До вчера, помалку од 5% од досегашните верифицирани профили платиле за Твитер Блу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира