ПОЧИНА БЕРИ ХАМФРИС, АВСТРАЛИСКИОТ КОМИЧАР КОЈ СЕ ПРОСЛАВИ СО ЛИКОТ ДЕЈМ ЕДНА

    ПОЧИНА БЕРИ ХАМФРИС, АВСТРАЛИСКИОТ КОМИЧАР КОЈ СЕ ПРОСЛАВИ СО ЛИКОТ ДЕЈМ ЕДНАНајпознатата креација на Хамфрис ѝ носеше радост на публиката речиси седум децении (Фото: Гети)

    Австралискиот комичар Бери Хамфрис, кој се стекна со светска слава со ликот Дејм Една Евериџ, почина на 89 години во Сиднеј. Тој беше во болница од март, откако му се појавија компликации по операцијата на колкот.

    Хамфрис со децении живееше во Велика Британија, а во родната Австралија се врати минатиот декември. Цело време остана активен забавувач и лани беше на турнеја низ Британија со свое шоу.

    Неговата најпозната креација ѝ носеше радост на публиката речиси седум децении. Ликот Дејм Една дебитираше како госпоѓица Норм Евериџ во 1955 во Мелбурн во универзитетска продукција. Заснован врз неговата мајка, таа беше домаќинка од предградие на Мелбурн и Хамфрис подоцна откри дека овој лик требало да трае само една недела.

    Место тоа, се претвори во Дејм Една, неговото раскошно комично алтер его со остар јазик, кој со децении ги смееше Австралијците и пошироко.

    Една беше срамежлива во почетокот. Кој би рекол?“, изјави Хамфрис во едно интервју од 2018.

    Тој дури напиша автобиографија како Дејм Една и ја освои највисоката театарска награда Тони во 2000 за бродвејската претстава „Дејм Една: Кралската турнеја“. Други негови популарни театарски и телевизиски ликови беа сер Лес Патерсон и Сенди Стоун.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира