ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАВА ПО 3.000 ДЕНАРИ НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА ПОГОДЕНИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАВА ПО 3.000 ДЕНАРИ НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА ПОГОДЕНИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗАСо одлуката ќе бидат опфатени лица кои се приматели на  гарантирана минимална помош, пензионери со минимална пензија до 15.000 денари и стечајни работници. (Фото: К. Попов)

    Град Скопје ќе дава парична помош од 3.000 денари на социјално загрозени лица погодени од енергетската криза. Оваа точка ќе биде на дневен ред на седницата која ќе се одржи во вторник.

    Како што стои во предлог-одлуката, ќе бидат опфатени лица кои се приматели на  гарантирана минимална помош, пензионери со минимална пензија до 15.000 денари и стечајни работници.

    „Еден од главните приоритети на Програмата за активностите на Град Скопје од областа на социјална, детска и здравствена заштита е остварувањето социјална грижа и заштита на граѓаните од социјално ранливи категории. Во таа насока, Градот Скопје реализира програми и активности кои што значително им помагаат на  социјално  загрозени лица сè со  цел  подобрување на квалитетот на нивното живеење“, се вели во образложението на одлуката за доделување помош.

    Во буџетот на Град Скопје за оваа намена се предвидени 15 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира