ПРОТИВ РУСИЈА СЕ ВОДИ ВИСТИНСКА ВОЈНА, КАЖА ПУТИН ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА

    ПРОТИВ РУСИЈА СЕ ВОДИ ВИСТИНСКА ВОЈНА, КАЖА ПУТИН ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТАПутин и оваа година го обвини западот за русофобија (Фото: АП)

    Владимир Путин кажа дека Русија води вистинска војна и во говорот за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва предупреди дека цивилизацијата се наоѓа во пресвртна точка.

    „Повторно е почната вистинска војна против нашата татковина, но ние се спротивставивме на меѓународниот тероризам, ќе ги заштитиме жителите на Донбас и ќе ја заштитиме нашата земја“, кажа Путин.

    Истакнувајќи дека сака мирна иднина, Путин ги обвини западните елити за сеење омраза и русофобија.

    „Западот нема друга цел освен да види пропаст на нашата земја. Битките во кои се решава судбината на нашата татковина секогаш биле свети и национални. Горди сме на учесниците во специјалната воена операција, иднината на земјата зависи од вас“, кажа Путин и повика на минута мочлење за сите паднати руски војници.

    Денот на победата над нацистичка Германија е еден од најзначајните празници во Русија и секогаш е проследен со голема воена парада, иако беше најавено дека прославите оваа година ќе бидат намалени. На парадата дојдоа и лидерите на шест бивши советски републики, меѓу кои и на Казахстан, Ерменија и Азербејџан.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира