ВОДИМЕ СМЕТКА ЗА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО, РЕЧЕ ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ПЛЕНКОВИЌ НА ОСВЕТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ЦРКВА ВО ЗАГРЕБ

    ВОДИМЕ СМЕТКА ЗА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО, РЕЧЕ ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ПЛЕНКОВИЌ НА ОСВЕТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ЦРКВА ВО ЗАГРЕБХрватската влада финансиски ја помогна изградбата на црквата со 935 илјади евра. (Фото: Твитер)

    Со свечена литургија синоќа беше осветена македонската православна црква „Злата Мегленска“ во Загреб, која што македонската заедница во хрватската престолнина ја градеше девет години.

    На осветувањето присуствуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој во име на хрватската влада го прими највисокото одликување на МПЦ, во знак на благодарност и искрено пријателство. Орденот „Свети Климент Охридски“ му го додели поглаварот на МПЦ, архиепископот македонски и охридски Стефан.

    „Навистина сум посебно почестен, но пред сè, ова го доживувам како оддавање признание на целата влада и бројни луѓе кои од срце, со разбирање, почитување, отвореност и искрена желба ги поддржуваат Македонците во Хрватсска, како и сите национални малцинства, бидејќи сметаме дека тоа е добро за нашето општество, за културата, инклузивноста и посебно на положбата на Хрватите во сите соседни земји“, кажа Пленковиќ на свеченоста.

    Хрватската влада финансиски ја помогна изградбата на црквата со 935 илјади евра, а премиерот му се заблагодари и на Градот Загреб, „кој со години го поддржува македонското национално малцинство“.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира