НА АДРЕНАЛИНСКИОТ ФЕСТИВАЛ „КОГА СИ ВО КРУШЕВО“ ЌЕ ИМА ЛЕТАЊЕ СО ПАРАГЛАЈДЕР, ЈАВАЊЕ КОЊИ И ПЛАНИНСКА ТРКА

    НА АДРЕНАЛИНСКИОТ ФЕСТИВАЛ „КОГА СИ ВО КРУШЕВО“ ЌЕ ИМА ЛЕТАЊЕ СО ПАРАГЛАЈДЕР, ЈАВАЊЕ КОЊИ И ПЛАНИНСКА ТРКАЦелта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис и будење на адреналинот (Фото: „Кога си во Крушево“)

    Летање со параглајдер од Мечкин Камен, искачување вештачка карпа, јавање коњи, возење кајак, планинска велосипедска трка и други адреналински активности најавува седмото издание на фестивалот „Кога си во Крушево“ (When In Krusevo). Фестивалот почнува на 24 јуни со забава на отворено, на која ќе настапи Дани Димитровска. Официјалната програма трае од 30 јуни до 2 јули.

    Крушево го има еден од најдобрите параглајдинг терени и е врвна светска дестинација за овој адреналински туризам, па во рамките на фестивалот ќе има атрактивно тандем летање од Мечкин Камен. Ќе има и планинска велосипедска трка од 20 километри и планинарска тура од 10 километри. Оваа година ќе се одржат и улична трка на пет километри, треил трка и саем за храна и пијалаци.

    „Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството“, велат организаторите.

    Обезбедена е камп зона на Крушевското Езеро со сите потребни услови. Картата за фестивалот е 500 денари за три дена.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира