ЕСТОНИЈА СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА КОЈА ГИ ОЗАКОНИ ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИ

    ЕСТОНИЈА СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА КОЈА ГИ ОЗАКОНИ ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИЗаконот ќе стапи на сила во 2024 (Фото: Имаго)

    Парламентот на Естонија денеска ги легализираше истополовите бракови, со што таа стана првата земја од централна Европа која го направила тоа.

    Ваквите бракови одамна се легални во западна Европа, но не и во некогашниот источен блок, во кој комунистите беа на власт со децении по Втората светска војна.

    „Мојата порака до централната Европа е дека ова е тешка борба, но бракот и љубовта се нешто што мора да се промовира. Се развивме многу за 30 години, откако се ослободивме од советската окупација. Ние сме еднакви меѓу земјите со исти вредности“, изјави естонската премиерка Каја Калас.

    Законот го поддржаа 55 пратеници од можни 101, а ќе стапи на сила во 2024.

    Во земјата со 1,3 милиони жители, 53% од населението ги поддржа истополовите бракови во анкетата што оваа година ја спроведе Центарот за човекови права. Пред една деценија тоа изнесувало 34%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира