ЦЕЛТА НА НАШАТА ПОБУНА НЕ БЕШЕ ДА ГО СОБОРИМЕ ПУТИН, ТУКУ ДА ГО СПАСИМЕ „ВАГНЕР“, ВЕЛИ ПРИГОЖИН

    ЦЕЛТА НА НАШАТА ПОБУНА НЕ БЕШЕ ДА ГО СОБОРИМЕ ПУТИН, ТУКУ ДА ГО СПАСИМЕ „ВАГНЕР“, ВЕЛИ ПРИГОЖИНПо прекинот на побуната, на Пригожин му беше дозволено да замине во Белорусија (Фото: АП)

    Евгени Пригожин кажа дека маршот на „Вагнер“ кон Москва не бил насочен против Владимир Путин, што е негово прво обраќање откако во саботата вечер беше снимен како заминува од Ростов на Дон, што неговите сили го контролираа цел ден. Откако беше амнестиран од Путин, на Пригожин му беше дозволено да замине во Белорусија.

    Не марширавме за да го собориме водството на Русија, туку тоа беше протест. Целта на маршот беше да се избегне уништувањето на ‘Вагнер‘ и да се повикаат на одговорност оние кои со нивните непрофесионални дејства направија огромен број грешки“, вели Пригожин во својата 11-минутна аудиопорака.

    Изрази жалење што морале да соборат руски авион, а решиле да се вратат назад за да се спречи крвопролевање на руските војници.

    Пригожин кажа дека „Вагнер“ требаше да престане да постои на 1 јули, откако не се согласиле да потпишат договори со руското министерство за одбрана.

    Ние категорички бевме против затворањето на ‘Вагнер‘ на 1 јули. Заповедниците одбија да потпишат договори со министерството за одбрана, по што околу 30 наши борци беа убиени во руски напади. Лукашенко ни подаде рака и ни понуди начин за легално функционирање на ‘Вагнер‘“, кажа тој, без да изнесе детали за овој договор.

    И во својата денешна порака, тој беше критичен кон руските вооружени сили.

    За еден ден од нашиот марш кон Москва, поминавме 780 километри. Тврдам дека ако војниците на ‘Вагнер‘ го извршија првиот напад на Киев на 24 февруари минатата година, специјалната воена операција во Украина ќе завршеше многу порано“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира