РУСКА БАНКАРКА ПАДНАЛА ОД 11. КАТ, УШТЕ ЕДНО ОД СЕРИЈАТА МИСТЕРИОЗНИ УМИРАЧКИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПУТИНОВАТА АГРЕСИЈА НА УКРАИНА

    РУСКА БАНКАРКА ПАДНАЛА ОД 11. КАТ, УШТЕ ЕДНО ОД СЕРИЈАТА МИСТЕРИОЗНИ УМИРАЧКИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПУТИНОВАТА АГРЕСИЈА НА УКРАИНАКристина Бајкова, 28, на висока позиција во Локо-Банк, е последната од серија мистериозни смртни случаи на познати руски бизнисмени - Фото: Инстаграм

    Потпретседателката на руска банка умрела по пад од прозор во нејзинот стан во Москва минатиот петок, на 23 јуни.

    Кристина Бајкова, 28, на висока позиција во Локо-Банк, е последната од серија мистериозни смртни случаи на познати руски бизнисмени.

    Бајкова, паднала од нејзиниот стан на 11. спрат на булеварот Ходински во раните утрински часови минатиот петок. Умрела на лице место.

    Кога се случил инцидентот, таа била со пријател, кого го поканила дома на пијачка.

    Започната е истрага за нејзината смрт.

    Серијата на необјаснети смртни случаи на високи функционери и бизнисмени во приватни компании се случува од почетокот на војната на Путин во Украина од февруари минатата година

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира