ШТИП ОД ПОНЕДЕЛНИК СО ХУМАНИТАРНИ ПАРКИНГ ЗОНИ ЗА 30 ДЕНАРИ ОД ЧАС, 20 ОТСТО ОД ПАРИТЕ Е ЗА СОЛИДАРЕН ФОНД

    ШТИП ОД ПОНЕДЕЛНИК СО  ХУМАНИТАРНИ ПАРКИНГ ЗОНИ ЗА 30 ДЕНАРИ ОД ЧАС, 20 ОТСТО ОД ПАРИТЕ Е ЗА СОЛИДАРЕН ФОНДУметници со цртежи на аафалт ги означуваат хуманитарните паркинг зони кои ќе имаат и табли како може да се плати. (Фото: СДК.МК)

    Од понеделник во Штип ќе профункционираат хуманитарните паркинг зони. Штип располага со над 800 обележани паркинзи, од кои 130 паркинг места се поделени во три хуманитарни зони за паркирање во централното градско подрачје и тоа кај општинската зграда и трите платформи на реката Отиња, кај Здравствениот дом, Судската зграда и кај Камениот мост. Деновиве уметници со цртежи на аафалт ги означуваат хуманитарните паркинг зони кои ќе имаат и табли како може да се плати.

    „Цената ќе изнесува 30 денари од час и исто по толку за секој нареден час, од кои  20 насто од средствата ќе се сливаат во општинскиот солидарен фонд наменет за лица кои имаат потреба од итна помош. Хуманите паркинзи ќе бидат обележани со цртежи на асфалт и со табли на кои ќе биде назначено како може да се плати дури и со трансакциона картица“, вели Панче Стефанов, директор на ЈП„Стипион“ кое стопанисува со паркинзите во Штип.

    За останатите 700 паркинг места колку што има во Штип цената останува како и досега 20 денари за првиот час и по 15 денари за секој нареден час. Во неделите паркирањето во целиот град е бесплатно. Повластените месечни и годишни билети за паркирање нема да важат за хуманитарните зони,  што значи дека и тие што имаат такви карти ќе плаќат 30 денари ако се паркираат на овие зони.

    Новите измени и тарифи за паркирање се усвоени на седница на Советот на Општина Штип, на која локалната опозиција обвини дека општинската власт се обидува под превезот на хуманост да ги покачи цените за паркирање за 50 проценти. Мнозинството советници смета дека на овој начин ќе се полни касата на солидарниот фонд кој е наменет за лица за посебни потреби и за оние граѓани кои ќе имаат итна потреба од финансиска помош, а од друга странапреку хуманитарните паркинг зони ќе надополни недостигот на паркинзи преку работните денови.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира