ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ГО ПРОГЛАСИЈА ДОАЃАЊЕТО НА ВРЕМЕНСКИОТ ФЕНОМЕН ЕЛ НИЊО

    ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ГО ПРОГЛАСИЈА ДОАЃАЊЕТО НА ВРЕМЕНСКИОТ ФЕНОМЕН ЕЛ НИЊОЕл Нињо вообичаено носи дополнителни поплави и сериозни жешки бранови и суши во некои делови од светот (Фото: Гети)

    Светската метеоролошка организација (СМО), која делува во составот на Обединетите нации, го потврди доаѓањето на временскиот феномен Ел Нињо и предупреди дека подготовките за екстремните временски услови се клучни за да се спасат животи и живеалишта.

    Последниот Ел Нињо се случи во 2016, која останува најтоплата година досега. Новиот Ел Нињо доаѓа додека се зголемува глобалното загревање како резултат на штетните емисии, што може да поттикне екстремни временски услови и рекордно високи температури.

    „Постои 90-процентна веројатноста дека Ел Нињо ќе продолжи до крајот на 2023 со умерена сила или посилен“, објави СМО.

    Американските власти неодамна предвидоа дека има 56% шанси Ел Нињо да стане силен и потопол до крајот на годината.

    Ел Нињо е најголемиот природен климатски феномен на светот, кој погодува милијарди луѓе. Тој вообичаено носи дополнителни поплави на југот на САД, југот на Јужна Америка и во централна Азија, а сериозни жешки бранови и суши се случуваат во источна Австралија, Индонезија, јужна Азија и во Средна Америка.

    „Доаѓањето на Ел Нињо во голема мера ќе ја зголеми веројатноста за рушење на температурни рекорди и за предизвикување поекстремна топлина во многу делови од светот и во океанот. Декларацијата на СМО е сигнал до владите ширум светот да се мобилизираат“, рече Петри Талас, генералниот секретар на СМО.

    Некои научници сметаат дека поради Ел Нињо 2023 би можела да биде најтоплата година досега, иако поголемиот пулс на топлина ќе се појави во 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира