Владимир Путин беше домаќин на осумгодишно девојче во Кремљ и притоа ѝ дозволи да му се јави на неговиот министер за финансии за да побара повеќе пари за нејзиниот регион Дагестан. Кремљ објави видео од доаѓањето на Раисат Акипова, што е последното во серија појавувања на Путин по краткотрајната побуна на „Вагнер“ кои треба да покажат дека тој ја има контролата во земјата.
Министерот Антон Силуанов во прв момент звучи збунето од повикот, но веднаш потоа се согласува да се одобрат дополнителни пари за Дагестан.
„Одлично! Добивме пет милијарди рубли за Дагестан“, ѝ вели Путин на Раисат, што е рамно на 55,6 милиони долари.
Ова е продолжение на неодамнешната посета на Путин на Дагестан, каде што, невообичаено за него, се измеша меѓу поголема група луѓе. Путин кажа дека ги поканил Раисат и нејзините родители во Москва зашто бил вознемирен откако видел фотографија на која таа плаче оти не успеала да го види при доаѓањето во Дагестан.