СУДСКИОТ СОВЕТ МУ ЈА ПРИФАТИ НЕПРАВИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА НА НАНЕВ ОТКАКО ВЧЕРА ЈА ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ГЕОРГИЕВ И БЕЗ ПРОБЛЕМ ГИ СТАВИ ДВАЈЦАТА СУДИИ НА ЛИСТА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

    СУДСКИОТ СОВЕТ МУ ЈА ПРИФАТИ НЕПРАВИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА НА НАНЕВ ОТКАКО ВЧЕРА ЈА ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ГЕОРГИЕВ И БЕЗ ПРОБЛЕМ ГИ СТАВИ ДВАЈЦАТА СУДИИ НА ЛИСТА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИИзборот се врши на упразнетите места откако поради скандалите и незаконското работење на Судскиот совет при разрешувањето на Дамева, оставки од членови си поднесоа судиите Мирјана Радевска-Стевкова и Зоран Герасимовски. - Од вчерашната седница на Судскиот совет (Фото: К. Попов)

    Судскиот совет денеска со 8 гласа „за” му го прифати приговорот на претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев и го стави на листа за избор на член на Судскиот совет.

    Вчера пак, Судскиот совет му го отвори патот да стане член и на врховниот судија Наќе Георгиев, за кого се чуваше претставка против него во фиока 6 месеци. На затворена седница, членовите на Советот одлучиле дека постапката за негово разрешување била неоснована.

    Заедничко на двајцата им е што имаа(т) сериозни постапки за одговорност, односно за Нанев известување до Судскиот совет од ОЈО Кавадарци и од Вишото јавно обвинителство на Скопје за нестручно и несовесно работење, но и за однесување кон обвинители.

    Пред да ја надгласаат неа и Весна Дамева, судијата Мери Радевска рече дека за неа е сериозно прашање како судија кој се кандидира, не поднесува потполна документација. Како може да испушти да наведе судски стаж, оценки, да поднесува копии незаверени на оригиналот, да упатува ние како Судски совет да му ги докомплетираме податоците во апликацијата.

    Во одбрана на кандидатот Нанев застана Тања Чачарова-Илиевска, која кажа: „Претеран формализам не е добар, а не е ни препорачлив”.

    Но, Весна Дамева ја алармираше јавноста за поврзаноста на овој кандидат со мнозинството од Судскиот совет.

    „За мене не е јасно од каде судијата точно и прецизно ги знае причините зошто не е на кандидатската листа, кога никој не го известил, според процедурата? Го отворив записникот од нашата дискусија, кандидатот таксативно обезбедил одговори дополнително, по ред како што сме збореле кога сме го тргнале од листата поради некомплетна документација. Но, тоа е предмет на проверка од друг орган, ако сте расположени”, ги предупреди Дамева колегите на одговорност за тие што го поучиле судијата Нанев.

    Дамева ги потсети дека лани на 17 август имавле иста состојба, а сега тие колеги молчат.

    „Во ред, понекогаш и молчењето е злато. Но барам да нема селективност, барем не сега по она што се случи на 24 април”, кажа таа.

    Но, со осум „за” и двајца „против“, беше прифатен приговорот на Нанев и тој беше вратен на листата за избор на двајца членови на Судскиот совет, во четврток на 11 јули.
    На листата е и судијката Антоанета Димовска од Граѓанскиот суд Скопје.

    Изборот се врши на упразнетите места откако поради скандалите и незаконското работење на Судскиот совет при разрешувањето на Дамева, оставки од членови си поднесоа судиите Мирјана Радевска-Стевкова и Зоран Герасимовски. За изборот ќе гласаат судиите.

    Наќе Георгиев од Струмица нема конкуренција, него и со малку гласови секако ќе го изберат, а за местото од Апелационо подрачје Скопје, се Димовска и Нанев.

    Пред денешното прифаќање на приговорот, вчера Судскиот совет го усвои извештајот за работата на Основниот суд Кавадарци, каде што претседател е судијата Лазар Нанев.

    Павлина Црвенковска која ја спровела контролата, беше воодушевена дека во Кавадаречкиот суд имало монитор со распоред и движење на предметите и сопствен софтвер на судот.

    За дописите за постапување и за однесување кон обвинители, поднесени од претпоставените во ВЈО Скопје и од Обвинител од Кавадарци за претседателот, Црвенковска не кажа ни збор. Рече во друга прилика ќе го испитала тоа.

    Ни судијата Ивица Николовски не беше задоволен од извештајот на Црвенковска, која уште не ги испитала сериозните обвинувања против Лазар Нанев.

    „Контролата треба да види и дали судски такси, акмис, пропусти, назначување адвокати по службена должност, објава на одлуки, дали се испочитувани правата на странките (известени навреме, информирани), изземањето на судии, поставувањето на раководни лица во судот, кому потоа биле давани предметите од изземените судии? Колку поплаки од граѓаните се поднесени до претседателот и за колку од нив е известен Судскиот совет? Што дека имал софтверско решение самиот суд, кога не обезбедил тонско снимање на судењата?”, реагираа Николовски, Радевска и Дамева, но Црвенковска немаше одговор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира