Противпожарен авион „канадер“ се урна при гаснењето пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, потврдија властите. Според првичните информации, двајца луѓе биле во авионот кој им припаѓал на грчките воздушни сили.
Пожарникарите се обидуваат да стигнат до местото на несреќата, што се случи кај градот Каристос.
Според видеоснимка објавена од државната телевизија ЕРТ, авионот со крило поткачил дрво, пред да се урне и експлодира.
Евија е едно од местата каде што во изминатите денови се води борба со пожарите, при што се евакуирани и неколку села.