СО КОМИТСКО „БОЛЕРО“ НА ГУМЕЊЕ ПОЧНА ПРОСЛАВАТА НА 120 ГОДИНИ ИЛИНДЕН

    СО КОМИТСКО „БОЛЕРО“ НА ГУМЕЊЕ ПОЧНА ПРОСЛАВАТА НА 120 ГОДИНИ ИЛИНДЕНВо танц на класиката „Болеро“ од Морис Равел настапи ансамбл на Националната опера и балет (НОБ) со костим на стилизирана комитска облека. (Фото: Влада на РСМ)

    Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, како дел од чествувањето на 120-годишнината од Илинден, 2 Август – Ден на Републиката, синоќа на платото пред споменикот Македониум на Гумење отвори со танц на класиката „Болеро“ од Морис Равел. Настапи ансамбл на Националната опера и балет (НОБ) со костим на стилизирана комитска облека.

    Празникот годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“.

    Премиерот Димитар Ковачевски говореше на отворањето на манифестацијата и кажа дека „илинденците и асномците нѐ задолжија секојдневно, јасно и уверено, да продолжиме, многу побрзо и подобро од досега, по европскиот пат, како пат кој го зачувува историскиот, културниот и јазичниот идентитет, ја зајканува нашата позиција надвор, но најважно од сѐ ја зацврстува, модернизира и подобрува сегашната држава“.

    Во културно-уметничката програма меѓу другите настапија и рок-ветераните, групата „Зијан“, Сузана Спасовска, Андријана Јаневска, Биг бендот на здружение на џез музичари на Македонија, Џон Апелгрин.

    Вчера, Владата ја прогласи манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ за национална установа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира