УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ТЕШКО ОШТЕТИЛА РУСКИ ВОЕН БРОД ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ ВО НОВОРОСИЈСК

    УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ТЕШКО ОШТЕТИЛА РУСКИ ВОЕН БРОД ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ ВО НОВОРОСИЈСКРуски воени бродови во црноморското пристаниште Новоросијск (Фото: Гети)

    Извори од украинското разузнавање тврдат дека во денешниот напад со поморски дронови во руското пристаниште Новоросијск бил погоден бродот на руската црноморска флота „Оленегорски Горњак“, кој притоа е оштетен и онеспособен. Истите извори велат дека нападот бил изведен од украинската безбедносна служба (СБУ) и морнарицата.

    Руското министерство за одбрана претходно соопшти дека спречила украински напад со две беспилотни пловила, кои притоа биле уништени.

    Видеоснимка за која се вели дека е направена во поморската база во Новоросијск покажува руски воен брод кој е навален на една страна.

    „Како резултат на нападот, бродот ‘Оленегорски Горњак‘ претрпе сериозен пробив и моментално не може да спроведува борбени мисии. Сите руски извештаи за одбивањето на нападот се лажни“, изјави извор од СБУ, додавајќи дека дронот бил наполнет со 450 килограми експлозив.

    Станува збор за десантен брод изграден во 1970-ите, кој беше дел од флотата со која Русија ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира