ДВАЈЦА ПИЈАНИ АМЕРИКАНЦИ ПРЕНОЌИЛЕ НА АЈФЕЛОВАТА КУЛА

    ДВАЈЦА ПИЈАНИ АМЕРИКАНЦИ ПРЕНОЌИЛЕ НА АЈФЕЛОВАТА КУЛААмериканците биле пронајдени меѓу второто и третото ниво на кулата (Фото: СДК.МК)

    Двајца американски туристи биле фатени како спијат на Ајфеловата кула откако останале заглавени додека биле пијани, објавија обвинителите. Тие биле пронајдени од обезбедувањето вчера рано наутро.

    Двајцата мажи платиле влез за да го искачуваат најпознатото париско обележје околу 22:40 часот во неделата и ги прескокнале заштитните огради додека се симнувале, кажа полицијата. Биле пронајдени во област која вообичаено е затворена за јавност меѓу второто и третото ниво на кулата.

    Тие веројатно останале заглавени зашто биле многу пијани“, изјавија од канцеларијата на парискиот обвинител.

    Бил испратен посебен пожарникарски оддел за спасување на височини за да се извлечат Американците, поради што отворањето на кулата било поместено од вообичаените девет часот.

    Тие не претставуваа никаква закана, но против нив сепак ќе биде поднесена кривична тужба“, изјави операторот на Ајфеловата кула, „Сете“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира