Војници од 11 земји од западна Африка се подготвени да бидат испратени во Нигер да го вратат на власт соборениот претседател Мохамед Барзум, велат функционери од овие земји.
Ваквата најава доаѓа откако лидерите на земјите се согласија да испратат војници за воена операција во Нигер, предводена од Економската заедница за државите од западна Африка (ЕКОВАС).
„Подготвени сме да влеземе штом се даде наредба. Нашите трупи се подготвени да одговорат на повикот за должност кон регионот“, кажа комесарот за мир и безбедност на ЕКОВАС, Абдел-Фато Муса, во главниот град на Гана, Акра.
Сепак, тој не откри детали кога би почнала воената операција.
Место тоа, тој сугерираше дека делегација на ЕКОВАС може да го посети Нигер со цел да почне преговори со лидерите на пучот.
„Воената опција може да биде откажана“, додаде тој, објаснувајќи дека воената интервенција не е преферирана опција.
На 26 јуни, претседателката гарда го собори претседателот Мохамед Барзум и командантот на гардата, генералот Абдураман Чијани, се прогласи за лидер на воената хунта.