ПРВО ИЗБОРИ, ПА ЌЕ ПОНУДИМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРАШАЊЕТО СО БУГАРИЈА, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    ПРВО ИЗБОРИ, ПА ЌЕ ПОНУДИМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРАШАЊЕТО СО БУГАРИЈА, ВЕЛИ МИЦКОСКИМицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено е за влез на Македонија во Европската Унија. (Фото: Фејсбук)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека по никоја цена нема да ги прифатат уставните измени под бугарски диктат и единствено решение во моментов се избори, а по изборите тие ќе понудат решение кое ќе ги зачува македонските интереси.

    Зборувајќи на прес-конференција, еден ден по седницата за уставни измени, која заврши без гласање, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено е за влез на Македонија во Европската Унија, но не по цена на себеодрекување.

    „Нема цена по која би ги прифатиле овие уставни измени под бугарски диктат и не треба да се троши време ниту секунда повеќе на ова прашање. Проблемот постои и мора да се најде излез. Или, она што поединци најчесто го поставуваат како прашање, а што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ? Единственото решение, единствениот разумен излез се изборите. Избори на кои народот ќе одлучи врз основа, внимавајте, врз основа на конкретни решенија кои ќе ги понудат партиите како понатаму. Нашите црвени линии и нашата борба за гаранции во однос на прашањето со Бугарија се јасни. Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори“, кажа Мицкоски.

    Вчера, по седницата, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека сè уште се надева дека уставните измени ќе бидат усвоени консензуално, со гласовите на сите пратеници во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира