РУСИЈА НАЈАВИ ОДМАЗДА ЗА ГОЛЕМИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ, ВО КОЈ СЕ ПОГОДЕНИ АЕРОДРОМ И ФАБРИКА ЗА ЧИПОВИ

    РУСИЈА НАЈАВИ ОДМАЗДА ЗА ГОЛЕМИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ, ВО КОЈ СЕ ПОГОДЕНИ АЕРОДРОМ И ФАБРИКА ЗА ЧИПОВИВо нападот на Псков се оштетени најмалку четири транспортни воени авиони „ил-76“ (Фото: ЕПА)

    Русија се закани дека последниот бран украински напади со дронови на руската територија нема да помине без казна. Портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова изјави дека дроновите не можеле да поминат толкаво растојание без информации од западните земји.

    Москва кажа дека десетици дронови биле соборени над шест региони, вклучувајќи го Псков, оддалечен повеќе од 600 километри од Украина.

    Иако Русија тврди дека сите напади биле спречени, во Псков е погоден аеродром, при што избувнал голем пожар. Новинската агенција ТАСС извести дека се оштетени најмалку четири транспортни воени авиони „ил-76“, од кои два се запалиле. Псков е оддалечен само 32 километри од руската граница со Естонија, која е членка на НАТО.

    Покрај тоа, во регионот Бријанск е погодена фабрика за чипови, како и складиште за гориво во Калуга.

    Русија возврати со голем воздушен напад на Киев и други делови од Украина, чија војска соопшти дека биле соборени сите 28 проектили и 15 од 16 дронови кои ноќеска биле испукани кон земјата. Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека остатоци од соборените проектили усмртиле двајца чувари во еден нестанбен објект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира