ВОДАЧОТ НА ПРАУД БОЈС ОСУДЕН НА 17 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НАПАДОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ВО 2021

    ВОДАЧОТ НА ПРАУД БОЈС ОСУДЕН НА 17 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НАПАДОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ВО 2021Џо Бигс (десно) се извини за своите постапки (Фото: Гети)

    Водачот на крајнодесничарската група Прауд бојс, Џо Бигс, е осуден на 17 години затвор, што е најголемата казна изречена за нападот на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021. Обвинителите, кои бараа затворска казна од 33 години, кажаа дека 38-годишниот армиски ветеран бил поттикнувач на упадот во Конгресот.

    Поранешниот известувач за сајтот „Инфоворс“ во мај беше обвинет за заговор за побуна и за други обвиненија. Тој во судницата изрази каење за своите постапки и кажа дека бил заведен од масата на денот на нередите.

    Бигс беше гласен лидер на Прауд бојс кој го користеше своето војничко искуство за да насочува и контролира големи групи мажи за да води бунт против владата. Тој го гледаше своето движење како втора американска револуција во која тој и другите ‘патриоти‘ ќе ја преземат власта со сила“, кажаа обвинителите.

    На Бигс му се судеше заедно со уште четворица членови на Прауд бојс, вклучувајќи го поранешниот лидер Енрике Тарио, чија казна ќе биде изречена следната недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира