НА АДАМ ДРАЈВЕР НЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ВОЗИ „ФЕРАРИ“ ВО НОВИОТ ФИЛМ „ФЕРАРИ“

    НА АДАМ ДРАЈВЕР НЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ВОЗИ „ФЕРАРИ“ ВО НОВИОТ ФИЛМ „ФЕРАРИ“Драјвер го глуми легендарниот италијански производител на автомобили Енцо Ферари (Фото: Венециски фестивал)

    Адам Драјвер, ѕвездата на новиот филм „Ферари“ кој синоќа имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, откри дека не му било дозволено да вози ниедно тркачко возило кое се појавува во биографскиот филм за легендарниот италијански производител на автомобили Енцо Ферари.

    „Тие беа најстрашните нешта на снимањето и не ми дозволија да ги возам поради нивното осигурување“, изјави Драјвер.

    Филмот ја следи клучната година во животот на Ферари, 1957, кога се мачи да ја одржи компанијата во живот, се соочува со траума од приватниот живот и се бори со лутиот ривал „Масерати“ за доминација на тркачките патеки. Режиран од ветеранот Мајкл Ман, филмот содржи возбудливи сцени од натпреварувањето на легендарната трка Илјада милји низ Италија, која често била фатална за возачите и гледачите.

    За разлика од Драјвер, неговиот колега Патрик Демпси возел идентична реплика на легендарниот отворен болид, кој не им нудел никаква заштита на возачите. Демпси призна дека тоа било застрашувачко искуство.

    Покрај тоа што изградил реплики на болидите, Ман снимил автентични звуци од оригиналните возила, при што му помогнал некогашниот тапанар на „Пинк флојд“, Ник Мејсон, кој го позајмил своето старо „масерати“.

    „Ферари“ е еден од 23 филма кои се натпреваруваат за престижниот Златен лав во Венеција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира