КИЕВ ОТКРИ ДЕКА НАПАДОТ НА АЕРОДРОМОТ ВО ПСКОВ БИЛ ИЗВЕДЕН ОД РУСКА ТЕРИТОРИЈА

    КИЕВ ОТКРИ ДЕКА НАПАДОТ НА АЕРОДРОМОТ ВО ПСКОВ БИЛ ИЗВЕДЕН ОД РУСКА ТЕРИТОРИЈАВо нападот на Псков биле уништени или оштетени четири товарни авиони „илјушин“ (Фото: ЕПА)

    Нападот со дронови на аеродромот во рускиот град Псков во вторникот беше изведен од руска територија, изјави шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов. Тој кажа дека во нападот биле уништени два товарни авиона „илјушин“, а уште два биле оштетени.

    Буданов не откри дали нападот бил извршен од украински или руски оперативци.

    Во изминатите недели зачестија нападите со дронови на Русија, за кои Украина речиси никогаш не преземаше одговорност, а оној во вторникот беше најголем од почетокот на војната во Украина. Русија кажа дека тогаш соборила дронови над шест региони и потврди дека бил погоден аеродромот во Псков, оддалечен околу 600 километри од Украина.

    „Дејствуваме од територијата на Русија“, изјави Буданов, не прецизирајќи колку и какви дронови биле употребени во нападот.

    Оштетените авиони летаат на долги дистанци и со нив се превезуваат војници и опрема.

    Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина развила оружје со дострел до 700 километри, но според изјавата на Буданов, тоа не било користено во нападот на Псков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира