ПО 10 ГОДИНИ СЛИКАЊЕ, ОСВЕТЕН ФРЕСКОПИСОТ ВО СОБОРНИОТ ХРАМ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ТЕТОВО

    ПО 10 ГОДИНИ СЛИКАЊЕ, ОСВЕТЕН ФРЕСКОПИСОТ ВО СОБОРНИОТ ХРАМ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ТЕТОВООсликувањето на црквата е дело на професорите Венко Цветков и Зоран Бошковски. (Фото: СДК.МК)

    По 10 години сликање, фрескописот во тетовскиот соборен храм „Св. Кирил и Методиј“ беше осветен денеска со литургија што ја водеше архиепископот Охридски и Македонски  Г. Г. Стефан. Оваа тетовска црква, која е меѓу најголемите во Македонија, започна да се гради пред точно 120 години и е градена две децении.

    Кога била завршена и осветена, црвата имала фрескопис само во олтарот и на куполата, додека ѕидовите од црквата беа без фрески. Иницијативата за нејзино целосно осликување започна во 2010, а тое е завршено годинава. Осликувањето на црквата е дело на професорите Венко Цветков и Зоран Бошковски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира