ЈАНУШЕВ ОСУДЕН УСЛОВНО ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОБУСИ ПО УКИНАТ СТАВ ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК, ПРЕСУДАТА ИЗРЕЧЕНА ПРЕД ПРАЗНА СУДНИЦА

    ЈАНУШЕВ ОСУДЕН УСЛОВНО ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОБУСИ ПО УКИНАТ СТАВ ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК, ПРЕСУДАТА ИЗРЕЧЕНА ПРЕД ПРАЗНА СУДНИЦАЈанушев беше директор на ЈСП во 2010 година кога беше направена набавката на двокатните автобуси. (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд денеска неправосилно го осуди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на две години затвор условно за пропусти при набавката на кинеските автобуси во случајот на поранешното СЈО познат како „Дизајн“. Јанушев беше директор на ЈСП во 2010 година кога беше направена набавката на двокатните автобуси.

    Судијата Осман Шабани ја соопшти казната пред празна судница, бидејќи таму не беа ниту обвинетиот Јанушев, ниту обвинителката Лиле Стефанова. Оваа пресуда нема никакво значење, бидејќи вчера Собранието го избриша ставот 5 од членот 353 од Кривичниот законик според кој е осуден Јанушев.

    Во случајот имаше и други обвинети, кои претходно се спогодија со обвинителството и исто така добија условни казни.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира